Осумнаесет години од убиството на Зоран Џинџиќ

Сподели

 

На денешен ден, на 12 март 2003 година, во дворот на зградата на српската Влада, убиен е премиерот на Србија и лидерот на Демократската партија (ДС), Зоран Ѓинѓиќ.
 
За неговото убиство беа осудени припадниците на Земунскиот клан и Единицата за специјални операции (ЈСО). Политичката позадина на убиството до денес не е разјаснета.
 

Во првото соопштение на Владата на Србија, како организатори и извршители на атентатот беа обележани криминалците од Земунскиот клан, а како водачи на оваа група означени се поранешниот командант на распуштената Единица за специјални операции (ЈСО) Милорад Улемек Легија, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.

Неколку часа по атентатот на Ѓинѓиќ, во земјата беше прогласена вонредна состојба, која траеше до 22 април, кога беше укината по предлог на Владата на Србија.

Премиерката Ана Брнабиќ и членовите на српската влада денес положија венци на местото каде што беше убиен Зоран Ѓинѓиќ.