Локалните избори запечатија нова политичка реалност во Северна Македонија

Сподели:

Коалицијата ВЛЕН излегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.

Резултатите се јасни, но пораката на граѓаните е уште појасна. Ерата на старата политика е завршена. На овие избори, граѓаните гласаа за работа, за одговорност и за политика што дава резултати. Тие дадоа поддршка на визијата на ВЛЕН за локален развој и за нов стандард на управување базиран на чесност и ефикасност.

Во Тетово победи ра, интегритетот и визијата на Билал Касами, што го претвори градот во симбол на промени и одговорно управување. Во Боговиње, граѓаните му ја дадоа довербата на Фети Абази, архитектот кој со знаење и посветеност ќе ја ревитализира општината.Во Те арце, по 20 години непроменета власт, дојде долгоочекуваната промена и граѓаните му ја дадоа довербата на Даут Мемиши. Самиот овој факт е извонреден успех. Во Чаир на Изет Меџити, каде што ДУИ се обиде да ја претвори трката во „референдум за опстанок“, чаирчани јасно рекоа Не! Општината не е отскочна даска за спасување на никого.

Додека во Сарај, Арачиново, Желино, Дебар, Струга и Долнени, граѓаните ја запечатија промената, правејќи го ВЛЕН силата што ги обединува општините под заедничка визија за развој и одговорност.

Овој резултат е повеќе од изборна победа, тоа е епохална промена во политичкото претставување на Албанците. По 23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност.

ВЛЕН го чита овој резултат како почеток, почеток на нова етапа, каде што ќе се управува со европски стандарди и со целосно почитување на граѓанинот.

Благодарност до сите граѓани кои учествуваа во овој демократски процес и до секој активист кој го бранеше гласот со достоинство. ВЛЕН ќе продолжи да биде гаранција за политичка стабилност и правично застапување на Албанците во институциите, се наведува во денешното соопштение на ВЛЕН.

Сподели: