Лондон: Кралската палата ќе се рестарвира со буџет од 369 милиони фунти

Сподели

thumbs_b_c_5e6fcb208f2ef6f23b87d74f1ff363b3

ЛОНДОН (АА) – Кралската палата Бакингем во Лондон, ќе се рестарвира во период од 10 години со буџет од 369 милиони фунти, јавуваhttp://Anadolu Agency (AA)

Би-Би-Си објави дека Бакингемската палата, домот на кралицата Елизабета втора и претставништвото на кралството, ќе се рестарвира во период од 10 години со буџет од 369 милиони фунти.

Во објавата стои дека, рестарвацијата ќе започне следната година во месец Април, а за време на истата, кралицата Елизабета втора ќе продолжи да престојува во палатата.

Палатата долги години се соочува со проблеми во електричната инсталација, водоводот и греењето, а при рестарвацијата ќе се обнови инфраструктурата на зградата.

Местото каде се наоѓа краласката палата е од историско значење од 17. век. Чарлс Први во 1628 година местото каде се наоѓа денешната палата му го дал на Лор Астон, а првичната градба на тоа место била именувана според војводата Џон Шефилд од Бакингем.

Се претпоставува дека, првичната градба е конструирана во 1703 година. Околу 150 години оваа градба била приватен имот, по што во 1761 година ја купил кралот Џорџ Трети и била претворена во резиденција на кралицата Шарлот. Оттука, Бакингемската палата започнува да се нарекува „домот на кралицата“.

Во 19. век оваа градба беше проширена од страна на архитектите Џон Неш и Едвард Блор. Во 1837 година пак, кралицата Викторија ја претвори оваа палата во официјална резиденција на кралството.

Денешниот балкон од каде што кралица Елизабета со нејзиното семејство го поздравува народот и делови од источната страна на објектот, се додадени во 19. век.

Бакингемската палата се простира на 77 илјади метри квадратни, а градината околу објектот зафака околу 16 хектари земјиште. Еден дел од овој простор е претворен во парк, кој и јавноста може да го користи. Палатата има вкупно 775 соби.

Од нив, 19 се користат за пречек на државни лидери, а 52 како спални соби за кралското семејство. Во палатата исто така има 188 соби за персоналот, 92 работни соби и 78 купатила.