Сешанс е новиот државен обвинител на САД, а Помпео – директор на ЦИА

Сподели

seshn-i-pompeo-860x680

Сенаторот од Алабама, Џеф Сешанс, ја прифати понудата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, да ја преземе функцијата државен обвинител на САД.

Сешанс беше обвинител сè до 1996 година, кога беше избран за сенатор на Републиканската партија во сојузната држава Алабама.

За време на годинешната претседателска изборна кампања, тој беше еден од најблиските соработници на Доналд Трамп.

Претходно, пензионираниот генерал Мајкл Флин ја прифати понудата да биде советник за национална безбедност на новиот претседател, а Мајк Помпео се нафати да дојде на чело на ЦИА.

meta.mk