Вести Свет

Лондон: Собрани 3,8 милиони долари за жртвите од пожарот

Сподели:

За жртвите од пожарот во лондонскиот облакодер во кој загинаа 30 лица, а десетици беа оставени без домови, собрани се 3,8 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Жителите на Лондон и од другите делови на Англија донираа големи количини на вода, храна и облека за преживеаните, истовремено им беше обезбедено и сместување.

Три акции објавени на веб-страницата на “JustGiving” собраа речиси четири милиони долари, додека пак во посебна акција на весникот “Evening Standard” беа собрани уште еден милион 1,9 долари до сабота наутро. Британската влада соопшти дека има основано итен фонд за жртвите со 6,3 милиони долари.

Пожарот кој се случи во во средата во 24 катната зграда Grenfell Tower предизвика револт и протести кај локалните заедници поради владиниот одговор на трагедијата.

И во саботата наутро лондонските пожарникари продолжија да го пребаруваат изгорениот објект, додека пак реакциите на јавноста не стивнуваат.

Многумина бараат одговор како успеал огнот да се прошири толку брзо. Британската асоцијација на новинари објави дека 70 лица се водат за исчезнати.

Сподели: