Спорт

ЛШ: Порто против Рома, Сити ја доби Стеауа, Виљареал со Монако во баражот!

Сподели:

Во Нион предмалку беа извлечени двојките за плеј-офот на Лигата на шампионите за сезоната 2016/17.

ждрепка лш1

Ждрепката донесе неколку интересни парови, а секако најголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу Рома и Порто како и Виљареал-Монако.

Двојките за бараж дуелите за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите се:

Лудогорец – Викторија Плзен
Селтик – Хапоел Бер Шева
Копенхаген – АПОЕЛ
Дундалк – Легија Варшава
Динамо Загреб – Салзбург
Стеауа – Манчестер Сити
Порто – Рома
Ајакс – Ростов
Јанг Бојс – Борусија Менхенгладбах
Виљареал – Монако

Првите натпревари се играат на 16 и 17 август, а реваншите на програмата се на 23 и 24 август.

Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се изврши на 25 август.

ждрепка лш

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра во Кардиф во мај 2017 година, а титулата ја брани Реал Мадрид.

The post ЛШ: Порто против Рома, Сити ја доби Стеауа, Виљареал со Монако во баражот! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: