Вести Македонија Ударни вести

Љубомир Михајловски – Џанго, нов претседател на Адвокатската комора

Сподели:

Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго, синоќа е избран за нов претседател на Адвокатската комора на Македонија, а за негови заменици се избрани Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.

Михајловски е поранешен директор на Царинската управа, а беше и министер за внатрешни работи во периодот од 2002 до 2006 година.

Досега со Адвокатската комора претседаваше Никола Додевски.

Изборот на нов претседател на Адвокатската комора на Македонија се одржа вчера во Струга, а гласањето беше синоќа.

Сподели: