Вести Свет Ударни вести

Рокот за Брегзит одложен до 31. октомври

Сподели:

Британската премиерка Тереза Меј и лидерите на Европската унија се согласија да го продолжат рокот за Брегзитот до 31 октомври.

По вонредниот самит на Европската унија, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека станува збор за „флексибилно проширување“, односно „дополнителни шест месеци за Британија да најде најдобро можно решение“.

-“Курсерот сега се наоѓа во рацете на Британците, што значи дека ќе можат да го ратификуваат Договорот за повлекување, а во тој случај одложувањето може да биде стопирано” – изјави Доналд Туск.

Лидерите на ЕУ планираат да се сретнат во јуни за да ја преразгледаат ситуацијата.

Сподели: