Македонска филхармонија: Концерт на Дуке Бојаџиев “Сон, Верба, Љубов”

Сподели

 

Македонска филхармонија, Концерт на Дуке Бојаџиев “Сон, Верба, Љубов”, 11-12. мај

По пауза од две години, еден од најистакнатите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти.

Kонцертите ке се одржат на 11 и 12 Мај во Македонската Филхармониј, со почеток во 19:30ч.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари и гости. Специјален вокален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

Концертите се поддржани од Еуролинк и Министерството за Култура.