Мајски оперски вечери на youtube каналот на Националната опера и балет

Сподели

 

Мајските оперски вечери годинава за првпат ќе се следат на еден поинаков начин, онлајн.

Националната опера и балет известува дека публиката ќе има можност да ги проследи 48. Мајски оперски вечери кои ќе започнат на 9 мај сѐ до 31. мај, на официјалниот Јутјуб канал на Националната опера и балет .

Во месец мај, споделувајте ги линковите од нашите претстави и не нè заборавајте. А, на сите вас кои некогаш сте настапиле на Мајските оперски вечери или сте учествувале во некој нашите проекти, ви се заблагодаруваме на поддршката. Ви посакуваме добро здравје и што побрзо сите да се вратиме во салонот во Националната опера и балет.

#OстаниДома се гледаме онлајн.

 

https://www.facebook.com/NacionalnaOperaiBalet/videos/683216192469045/