Вести Македонија Ударни вести

Македонија длабоко последна на листата земји според медиумската (не)писменост

Сподели:

 

Финска, Данска, Холандија, Шведска и Естонија се на врвот на Индексот за медиумска писменост за 2019 година. Македонија е последна на листата од 34 земји со одвај 12 индексни поени, зад Турција која има 19 поени.

На прво место е Финска со 78 поени. Тоа место нејзините граѓани го добија според отпорноста на лажни вести што се должи на квалитетното образование, слободата на медумите и високата доверба што тие ја имаат кај граѓаните. Мнозинството балкански земји (Македонија, Турција, Албанија, БиХ, Црна Гора) се најнеотпорни на дезинформации и тие се на опашката со многу проблеми во медиумската писменост и образованието.


Ова се резултатите од Индексот на медиумска писменост за 2019 година на Иницијативата за европските политика на Институтот за отворено општество – Софија (Media Literacy Index for 2019 by the European Policies Initiative (EuPI) of the Open Society Institute – Sofia).

Индексот ја мери отпорноста кон лажни место во 35 европски земји со кристење на рани индикатори, како што се слободата на медиумите, образованието и довербата на грѓаните. Индексот на слободата на медиумите (според Фридом Хаус и Репортери без граници) има најголема тежина заедно со образовните индикатори (според ПИСА).

Трендовите меѓу 2017 и 2019 година покажуваат дека најголем пад има кај Чешка, Словечка и Полска.

Нивото на корупција и довербата во општеството, исто така, се тесно поврзани со резултатите од Индексот на медиумската писменост. Корупцијата се чини дека е во директна корелација со медиумската писменост, бидејќи земјите со многи мала корупција високо се рангирани на индексот на писменоста.

Авторот на извештајот, Марин Лесенски, го препорачува пристапот „враќање кон основите“ за справување со последиците од дезинформациите – од враќање на довербата на граѓаните и справувањето со корупцијата до гарантирање на слободата на медиумите и користење на образовен пристап како најдобра стратегија за „вакцинирање“ против лажните вести.

 

meta.mk

Сподели: