Повторно барање за екстрадиција на Груевски од Будимпешта

Сподели

 

„Целокупното досие за 27. април од Обвинителството и судот, стаса минатата недела. Деновиве ќе биде испратено до Будимпешта“, изјави министерката за правда Дескоска.

-Државата ќе го бара поранешниот премиер Никола Груевски со екстрадиција од Будимпешта, поради настаните од 27 април 2017 година. Досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти – изјави Дескоска на денешната конференција посветена на функционирањето на АКМИС системот.