Алтернатива Настани

Македонска Филхармонија: Dead Can Dance во рамки на Таксират Фестивал

Сподели:

 

Македонска филхармонија, 22. мај 2022

DEAD CAN DANCE конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance кој во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонска Филхармонија.
 
Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали и музичкиот гениј Брендан Пери, веќе 4 децении на музичките вљубеници им го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет.
 
Tворејќи музика која уште од оформувањето во 1981 година во Мелбурн, успешно се оттргнува од прангите на жанровите, просторот или времето, тие се потпишуваат зад неверојатно инспиративен опус. Зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, и многу успешни светски турнеи. Славни се и како композитори на музика за бројни филмови, меѓу кои најпозната е музиката за „Гладијатор“ на Ридли Скот. Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекин во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“.
Сподели: