Македонска филхармонија: „Пет става во дур“-Андреј Гугнин

Сподели

„Пет става во дур“ – концерт на Македонската филхармонија со врвниот пијанист Андреј Гугнин, 28.февруари

„Пет става во дур“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток, на 28 февруари во 20 часот. На последниот концерт на Македонската филхармонија овој месец, како солист ќе настапи Андреј Гугнин, еден од најдобрите руски пијанисти од новата генерација музички уметници.