Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски остварија работна средба со Директорот на Агенцијата за разузнавање г-дин Еролд Муслиу.
На средбата од страна на Директорот на Агенцијата,Муслиу,беше потенцирана важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата за разузнавање и подготвеноста за соработка во интерес на вработените.
