Македонско-грчка ликовна колонија во Струга

Сподели

 

„Културен мост“ во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје го најавува одржувањето на првата ликовна колонија која од 30 јуни до 5. јули во Струга ќе учествуваат ликовни уметници од Грција и од Македонија.

Организацијата е со цел да се развива и продлабочува културната соработка и пријателство меѓу Македонија и Грција.

Проектот вклучува и заедничка изложба на учесниците на колонијата, која ќе биде отворена на 6. јули 2018 година, во објектот Чифте Амам, при Националната галерија на Македонија во Скопје.

Ликовната колонија „Културен мост“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.