Макрадули: До 2020 година ќе биде забрането греењето со јаглен

Сподели

Греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането, истакна заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, кој учествуваше на Светската климатска конференција во Бон.
Тој додаде дека оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата со што драстично се зголемува температурата на планетата.

– Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање – вели Макрадули.

Некои податоци, како што соопшти, покажуваат дека дури 100 семејства на територија на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва но и со друг штетен материјал.

Макрадули вели дека загадувањето може да се реши само со интегриран пристап и со активности во сите области паралелено и со мерки на долг рок но кои треба веднаш да почнат да се реализираат.