ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -4 до 0, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. Во петок ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе има повремени слаби врнежи од снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од севроисточен правец што ќе предизвика значително опаѓање на температурата.