Макрон: Нема да има проширување на ЕУ, додека Унијата не се реформира

Сподели

 

Нема да има проширување на ЕУ, додека Унијата не се реформира, рече францускиот претседател, Емануел Макрон по Самитот на кој лидерите на ЕУ не дадоа датум за преговори на Македонија и Албанија.Тој вели дека полноправното членство во ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на Унијата. За ова прашање синоќа имале долга расправа, пренесе РСЕ.

„Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој вели дека со соседните земји на ЕУ треба да се има стратешка агенда, но дека не мора тие нужно да бидат идни земји членки на ЕУ.

Макрон повтори дека има потребата од реформа на преговарачкиот процесот и бара тој да може да се стопира.