Максим Димитриевски со нова партија “ЗНАМ” – За наша Македонија

Сподели

 

Вечерва во Скопје започнува Потпишувањето на Иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава – „Движење ЗНАМ – За Наша Македонија“, од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој е идеен творец на движењето.

“На 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје, придружете ни се на Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. 
Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!
За Македонија се работи!” – објави Максим Димитриевски.