Вести Изјави Статуси Ударни вести

Манчевски: Кога веќе конечно ќе ја видиме таа медиумска саморегулација?

 

“Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести.

На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?

Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?

И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.

Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.

А, за вистината и стандардите во медиумите…? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век.”

ФБ статус, Дамјан Манчевски

Сподели: