Манчевски: Времето на Груевски заврши, сите опции се отворени!

Сподели

Мнозинството граѓани на Македонија, одлучно, храбро, сплотено како никогаш досега на вчерашните избори избра промени! Има се уште пребројувања на гласовите. Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен, рече Дамјан Манчевски, шеф на изборен штаб на СДСМ и коалицијата.

Времето на политичари како Никола Груевски заврши.

Граѓанте избраа живот. Граѓаните вчера избраа подобар живот. Граѓаните избраа правда. Македонија гласаше за институции на и за граѓаните,рече Дамјан Манчевски од СДСМ.

Според него, опозицијата предводена од СДСМ испиша историја не само во државава, не само во регионални, туку и во светски рамки.

-Поразивме режим – со пенкало, со глас!

Манчевски се заблагодари на граѓаните кои беа дел од овој процес за изградба на нова, светла, просперитетна Македонија.

-Македонија којашто отвора иднина за младите луѓе во оваа земја и за секој човек. Во следниот период, сите, и оние кои беа принудени да го дадат својот глас за режимот, ќе ја почувствуваат слободата.

Се покажа тоа што го велевме цело време, дека секој е важен.

Она што е многу важно, е секој да остане посветен на овие процеси што ги отворивме од вчера за добар живот во Македонија и за напредок на Република Македонија.

На прашање какви се проекциите околу распределбата на пратеничките места, Манчевски кажа дека се уште се пребројуваат гласовите, сите опции се отворени, и ќе се почека до крајот на денот за да може финално да каже ставот.

-Меѓутоа, сите опции се отворени. Самите сте сведоци дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати, затоа што премали се разликите, во премногу места така што ги собираме записниците од терен и може да има промена во бројките.

Имате ли точна бројка колку проценти е разликата помеѓу најголемите македонски партии?

Ја имаме апсолутната бројка на гласови но сепак таа не е важна, затоа што ви кажав, ги собираме записниците. Ги имавме вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Во тек е броењето, ќе ве замолам да почекаме уште некое време.

Што ќе биде сега со вашите министри и дополнителни заменици министри? Дали ќе се повлечат денеска или ќе чекате официјални резултати?

Апсолутно треба да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено.

 a1on.mk