Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе учествува на Интернационалниот фестивал во Анкара

Сподели

Мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри, ќе учествува на Интернационалниот мандолински фестивал во Анкара, кој ќе се одржи на 6 и 7 април. Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со децении успешно работи и бележи значајни резултати во нашата држава и надвор од неа. Со своите активности и учество на фестивали, претставува достоен амбасадор на македонската музичка култура и уметност секаде низ светот.