Маричиќ: Дигитализацијата на судството и судење на далечина

Сподели

 

Наскоро во земјава ќе почне да пристигнува опремата која ќе биде инсталирана во судовите и судниците, со што тие целосно ќе се дигитализираат. Според планот за дигитализацијата кој веќе го усвои Влада, ќе се опремат речиси 200 судници, 34 судови, но и новата судница која се прави во затворот Идризово, што ќе овозможи судење на делечина, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

“Наша цел е побрзо, подобро и посовремено судство, а тоа значи дигитализација на постапките, воведување на електронска комуникација помеѓу судовите и другите правосудни институции, но и дигитализација на услугите за граѓаните.
 
Владата неодамна го донесе оперативниот план кој всушност произлегува од активностите на агендата на Европската Комисија наречена „Зелена Дигитална Транзиција“. Ова значи дека е вистинско време за модернизација на судството и дека сме фатиле чекор со современите текови”.