Маричиќ: Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека за правда не е заинтересирана

Сподели

 

„Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ покажа на дело дека за правда не е заинтересирана. Впрочем, парадоксално е оваа структура на ДПМНЕ да бара правда со куп судски процеси. За повиците за правда, имам впечаток дека тропаат на отворена врата: имаше три години господинот Мицкоски подадена рака за многу законски проекти за реформа на правосудството и за донесување правда. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ состави преговарачки тим кој во голема мера содржеше лица со обвиненија, или под истрага на обвинителството, или нивни адвокати, токму со цел да ја спречат правдата и да ги прикријат злоделата од режимот на Груевски. Колкумина од оние што протестираа сѐ уште се обвинети или осудени за корупција? Дали видовме едно дело или збор со кое Мицкоски се огради или дистанцираше од практиките на заробената држава или само верно ги продолжи?”, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ за Дојче веле.