Маричиќ: За граѓаните големо намалување на трошоците за судските такси

Сподели

 

На денешната прес-конференција, министерот за правда, Бојан Маричиќ изјави дека од денеска во сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

 

-Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот. Свесни бевме дека тие трошоци беа високи, а на луѓето на кои им беше потребна правда многупати се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа сега се надевам дека ќе се промени, бидејќи правдата станува конкретно подостапна за сите“, изјави министерот Маричиќ.

denesmagazin.mk