Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 

 

Претседателот Матарела е пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.