Маскотите Стела и Сани дел од роденденската забава на ЈП ЛАЈКА

Сподели

 

 
Роденденот на ЈП Лајка не би бил роденден ако не помислиме и на најмладата публика и поддрржувачи на “Лајка”, кои овие 2 години активно се дружеа со нас, редовно присуствуваа на сите наши настани и забавни емисии, волонтираа во ЈП Лајка, беа дел од отворените денови каде се едуцираа за бездомните кучиња, но и заедно со своите родители направија хумано дело вдомувајќи куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.
 
 
 
 
Токму затоа, во знак на благодарност, ЈП Лајка на роденденската забава на 29.10.2022 (сабота) во кафе бар Дневна доза кафе од 11:00 – 15:00часот, им најавува забавен дел каде ќе можат да се дружат со маскотите Стела и Сани.