Масовна геј парада во Киев поддржана од украински политичари и странски дипломати

Сподели

Во Киев денеска околу 2.500 лица денеска учествуваа на геј парадата. Тие носеа транспаренти со пораки за заштита на правата на лицата со нетрадиционална сексуална ориентација и носеа украински знамиња и знамиња со боите на виножитото.

Во првите редови на групата беа украински политичари и странски дипломати.

Неколку стотици ултранационалисти се обидоа да создадат немири на парадата и при тоа дојде до кратка пресметка со полицијата, при што беа повредени две лица, а шестмина беа уапсени.

Околу 5.000 киевски полицајци беа мобилизирани за геј парадата, што традиционално е на нишан за напади од страна на украинските ултранационалисти.