Вести Македонија

Романија: Социјалдемократите го соборуваат сопствениот премиер Гриндеану

Сподели:

Владејачките социјалдемократи во Романија започнаа постапка за изгласување за недоверба на Владата во Парламентот и уривање на премиерот Сорина Гриндеану кој сами го именуваа, јавува Anadolu Agency (AA).

Социјалдемократската партија на Романија побара од премиерот Гриндеану да се повлече од функцијата, тврдејќи дека не го спроведува планот и програмата на партијата на власт.

Премиерот Гриндеану ги негира обвиненијата и одби да се повлече од чело на владата, што предизвика политичка криза во Романија.

На денешната седница на Собранието започна дебата, а во среда се очекува пратениците да гласаат за довербата на Владата.

Во јануари оваа година, владејачката Социјалдемократска партија на функцијата премиер на земјата го именуваше Гриндеану, а претседателот на партијата, Ливиу Драгнеа, не можеше да биде кандидат за премиер, поради кривичната пресуда за кражба на гласови на изборите.

Актуелниот премиер Гриндеану тврди дека политичката хајка врз него ја покренал партискиот челник Драгнеа, со цел за премиер да назначи некој кој ќе му биде лојален и ќе ги извршува неговите наредби.

Сподели: