Вести Став

МАТЕН И НЕЈАСЕН ПРЕДЛОГ НА ИВО ВАЈГЛ – Јове КЕКЕНОВСКИ

Сподели:

  1. Барем засега од она што го слушнавме во јавноста голем број од нас неможат да ја разберат логиката на повикот за дијалог во куќата на „Жан Моне“ во Париз на Иво Вајгл.
    • Европратеникот Иво Вајгл најнапред вели: ,,парискиот дијалог нема да биде ниту замена, ниту продолжение на договорот од Пржино”.
    • Второ, Вајгл на прес конференција јавно изјавува дека: ,,претставници на македонските политички партии се нафатиле кон крајот на јануари 2018 година во куќата на Жан Моне (симбол за евроинтеграцијата) да ги повторат лекциите за собранискиот Деловник, за етичкиот кодекс на пратениците и за владеење на правото.?!. ( Со ова објаснување за желбата и вољата на пратениците за повторување на зададената лекција навистина ме изнасмеа. Добро штом Вајгл нашол такви незнајковци и повторувачи. А впрочем и не туку така останала латинската поговорка ,,Repetitio Est Mater studiorum”)
    • Трета изјава на Вајгл: воспоставувањето на еден нов формат на политички дијалог т.н. „Жан Моне“ на кој ќе учествуваат претставници од сите парламентарни партии?!
  2. Иако мислам дека лично ми е јасна позадината на еден ваков бесмилен предлог кој за мене има друга цел, сепак би сакал јавно да му поставам неколку прашања на Вајгл, на ова негово бледо па дури и проsирно образложение на идејата за наводен дијалог.
    1. Зошто во Собранието на Република Македонија да не може да се постигне политички компромис и дијалог за иднината на земјата, бидејќи само таму е вистинското место?
    2. Зошто политичко помирување да се случува надвор од државата кога Република Македонија покажа дека има сили за внатрешно помирување. Да потсетам дека за време на воениот конфликт во 2001 година се случи најголемото помирување на домашен терен и тоа во Охрид со посредство на меѓународната заедница.
    3. Кој со кого ќе треба да се помирува?
    4. Дали мислите дека е потребно помирување на оние кои постојано се заедно, освен кога се вклучени камерите? За ваша информација голем број од оние кои наводно се постојано скарани и лути, заедно одат на лапачка и пијачка, заедно ги договараат бизнисите и се останато. Кого Иво Вајгл и ЕУ ќе помируваат?.
    5. Кој му гарантира на Иво Вајгл дека политичкиот претставник кој ќе присуствува во Париз, тоа што ќе го прифати и договори таму, дека ќе има сила да го спроведе кај лидерот на сопствената партија и меѓу своите сопартијци?.
    6. Дали ова е пред фаза за идно евентуално овозможување на одредени личности да им се овозможи елегантно избегнување на нивното соочување со правдата во својата држава, обид за нивна рехбилитација или нов политички пазар?.
    7. Нели и е доста на Р. Македонија од вакви и слични скапи туристичко- патувачки циркуси?
    Господине Вајгл се надевам дека ќе имате доблест да одговорите на поставените прашања.
Сподели: