Изложба на Ивана Настеска и концерт на „Дуо Скупи“ во Загреб

Сподели:

Македонскиот КИЦ во Загреб организираше културна вечер со изложбата „Сцени од ателјето“ на Ивана Настеска и концерт на „Дуо Скупи“, составен од Јета Старова Мехмети и Ермаљ Мехмети. Преку акварелите, Настеска го претстави својот уметнички поглед на секојдневието, додека дуетот понуди музички репертоар што ги поврза класичната традиција, современото творештво и македонската и балканската музика.

На отворањето се обратија и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски, и директорката на КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, кои ја истакнаа улогата на културата во зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

Настанот се реализираше во рамките на годишната програма на КИЦ во Загреб, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Сподели: