Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин

Сподели

 

Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин. До крајот на неделата, Лекарската комора ќе организира онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат протоколите, а веќе следната недела ќе биде организирана и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Овој лек не е на позитивната листа на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Ивермектинот се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Апелираме до граѓаните неговата примена да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

Вчера лекарската комора  ги испрати препораките за лекување со ивермектин до сите матични лекари, откако лекот конечно се најде во аптеките. За него се пишуваше уште во летото но дури сега е ставен на позитивната листа, се издава само со рецепт и едно пакување чини 300 денари.