Вести Македонија Ударни вести

Завршена е изведбата и поставувањето на модуларниот ковид центар во Кичево

Сподели:

 

Завршена е изведбата и поставувањето на модуларниот ковид центар во Кичево, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

 

 

“Ковид центарот е со површина од 700м2 и има капацитет од најмалку 45 болнички легла. Ова двојно зголемување на постојниот болнички капацитет е од исклучителна важност граѓаните. Сега можното оптоварување со ковид пациенти нема воопшто да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуги.

Исто така, започнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда. Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, за првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија. Активно вложуваме во здравствената инфраструктура, затоа што јавното здравје е нашата заедничка одговорност”, додаде министерот Филипче.

Сподели: