Kампања: Со купена тегла мед донирате на децата од документарецот „Медена земја“

Сподели

Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, победи во категоријата за документарни филмови од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“. 

„Медена земја“ ja доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси.

На снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија. Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена.

„Оваа награда ни значи многу. За целиот тим и за нашата мала земја. Македонија од каде доаѓаме и каде работиме. Им благодарам на режисерите што ни овозможија да работиме на овој неверојатен документарен филм. Голема благодарност до атиџе за се она што не наичи додека го снимавме нејзиниот живот. Голема благодарност до сите кои го поддржаа овој филм и кој овозможија филмот да се најде на овој фестивал.“ – изјави Самир Љума.

Филмот беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, во рамки на овогодишниот Сараевски филмски фестивал и ја освоија највредната парична награда на фестивалот, наградата на Турската национална телевизија во висина од 30.000 евра.

„Медена земја“ е ремек дело и сериозно големо достигнување за македонската кинематографија. Филмот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Тимот на документарниот филм „Медена земја“, кој триумфираше на фестивалот „Санденс“ во САД, спроведува кампања за собирање средства наменети за семејството што се појавува во филмот. Кампањата ги повикува граѓаните да купат тегла мед од „Медената земја“, а парите од продажбата ќе се искористат за образование на децата.