Меѓународен градски триатлон во Куманово

Сподели:

Општина Куманово беше домаќин на дводневен спортски настан во дисциплината градски триатлон – спринт дистанца, со техничка поддршка на Триатлон федерација на РС Македонија.

На спортската манифестација, која се одржува по петти пат во земјава, учествуваа спортисти од Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Хрватска и САД.

Натпреварите во дисциплините пливање, велосипедизам и трчање се одржаа на градскиот базен, по булеварите Октомвриска Револуција, Трета МУБ и на патеките околу спортско – рекреативниот комплекс.

Учествуваа натпреварувачи од сите категории, почнувајќи од деца, сениори, јуниори, мастерс и штафети, во женска и машка конкуренција.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на претседателката и членови на Советот и претставници од општинската администрација, на најуспешните спортисти им додели награди и признанија за постигнатиот успех, истакнувајќи ја важноста на ширењето на спортскиот дух и начин на живот, за сите граѓани без оглед на нивната возраст.

извор/фото Општина Куманово

Сподели: