„За писателцките работи“ го има својот корен во делото на Крсте Мисирков (1874 – 1926), во пресрет на јубилејот сто години од неговата смрт (2026).
И не е случајно што на почетокот од новиот милениум Мисирков беше прогласен за најзначајната јавна личност на XX век, додека „За македонските работи“ се смета за една од најважните книги кога било напишани и објавени на македонски јазик. Поради сето ова, „BookStar“ во фокусот на својот интерес годинава ја става токму домашната литература и предизвиците со кои таа се соочува. Слоганот е непосредно инспириран од делoто на Мисирков, а индиректно од неговите ставови и начинот како ги претставува и елаборира. Тој не само што поставува основи на македонскиот јазик и современата македонска книжевност, како и на културната и националната самосвест, туку и прикажува интелектуален и пишувачки габарит каков што ретко сме виделе во нашата средина. Повикувајќи на темелно преосмислување на наследените вредности и заговарајќи пресврти преку културна преродба, Мисирков е своевиден „репер“ што треба да го следи описот на интелектуалецот без оглед на припадноста: храброст, визионерство, (р)еволуционерство и бескомпромисност. Со малата лексичка и семантичка преобразба на насловот на неговата книга, слоганот го пренесува акцентот од етничките и општествените прашања кон творечките и книжевните процеси, односно „работите“ што се клучни и значајни за уметноста на пишувањето и во Македонија и во Европа.
„За писателцките работи“ е повик кон разговор за суштината на пишувањето, за одговорноста и слободата на авторот, но и за интимната, често невидлива, работа која стои зад секое напишано дело и која понекогаш носи судбински промени за писателот и за средината во која создава. Слоганот е мост меѓу традицијата и современоста, меѓу македонскиот Дон Кихот и денешната европска книжевна сцена како „melting pot“, создавајќи контекст во кој читателите ќе можат да ја доживеат литературата во еден жив, актуелен, моќен и ангажиран чин.
Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2025 ќе се случува од 29.9 до 2.10 на повеќе локации во Скопје.
ПРОГРАМА НА „BOOKSTAR“ 2025
29 септември, 18.00 – Продажен салон – КИЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Шоле Резазаде (Холандија/Иран)
29 септември, 19.00 – Сала Империјал 2 – КИЦ
Отворање на 11-от Саем на европската литература
На пијалак со авторите на „BookStar“
29 септември, 19.30 – Сала Империјал 2 – КИЦ
Отворање на фестивалот „BookStar“ 2025
„Писателот зборува“ – Калина Малеска: „Книжевноста низ контекст на промени“
Доделување на наградата „BookStar“ 2025 за „Опаш во устата“
Претставување на наградената книга: Весна Мојсова-Чепишевска
Обраќање на добитникот: Блаже Миневски
29 септември, 20.00 – Сала Империјал 2 – КИЦ
„Жената пред највисоките ѕидови: отпор, траума, надеж“
Разговор со авторките: Петра Клабоухова (Чешка) и Серај Шахинер (Турција)
Модератори: Александар Маџаровски и Драгица Стаменковиќ
29 септември, 21.00 – Сала Империјал 2 – КИЦ
„Неколку зборои за македонцките современи класици“
Разговор со авторите: Блаже Миневски, Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски, Оливера Ќорвезироска
Модератори: Владимир Мартиновски и Александра Јуруковска
30 септември, 18.00 – Сала Империјал 2 – КИЦ
„Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“
Разговор со авторите: Калина Малеска, Жарко Кујунџиски, Михајло Свидерски, Дијана Петрова, Иван Антоновски
Модератор: Симона Јованоска
30 септември, 19.00 – Продажен салон – КИЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Блаже Миневски
30 септември, 20.30 – Сала Империјал 2 – КИЦ
„Приказни на граница меѓу различни светови“
Разговор со авторите: Шоле Резазаде (Холандија/Иран) и Онджеј Штиндл (Чешка)
Модератор: Александар Маџаровски
1 октомври, 12.00 – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
Книжевно читање „За писателцките работи“
Странски учесници: Шоле Резазаде (Холандија/Иран), Серај Шахинер (Турција), Онджеј Штиндл (Чешка), Ахмет Умит (Турција), Мајнхард Раухенштајнер (Австрија)
Домашни учесници: Блаже Миневски, Александар Прокопиев, Калина Малеска, Ермис Лафазановски, Михајло Свидерски, Иван Антоновски, Дијана Петрова
Водител: Тијана Милиќ
1 октомври, 18.00 – Продажен салон – КИЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Онджеј Штиндл (Чешка)
1 октомври, 19.19 – Салон 19.19 – КИЦ
„Мајсторот е тука!“
Разговор со авторот Ахмет Умит (Турција)
Модератор: Јордан Коцевски
2 октомври, 10.30 – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Соопштување и доделување на наградата за најдобар книжевен превод на македонски јазик, „Драги“ 2025
Обраќање на добитникот
2 октомври, 12.00 – Ramstore mall
„Meet. Snap. Celebrate.“
На кафе со Ахмет Умит
Водител: Александра Илиевска
ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН
2 октомври, 18.00 – Буква
„Правда за кратката проза!“
Разговор со авторите: Мајнхард Раухенштајнер (Австрија), Владимир Мартиновски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Иван Шопов
Модератор: Владимир Јанковски
Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.
Организаторот го задржува правото за промени во програмата.


