Меѓународна изложба на современа фотографија на 10 јули, со почеток од 20:30 часот, во Културно информативниот центар.
Во соработка со „Зрно Фестивал“ изложбата претставува избор на дела од автори од тринаесет земји, обединети преку различни современи фотографски и визуелни практики.
Преку документарни, концептуални и експериментални пристапи, изложените дела отвораат теми поврзани со меморијата, идентитетот, просторот и секојдневниот живот.
Изложбата создава простор за дијалог меѓу различни визуелни јазици и културни искуства, претставувајќи пресек на актуелните текови во современата фотографија.


