Меѓународна ликовна колонија „Скопје” 2019

Сподели

Утре ќе започнe со работа 14-та Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” која ќе трае до 30-ти август 2019 г.одина, во хотел Арка -Скопје.

МЛК “Скопје” се одржува по четиринаесетти пат и е во организација и реализација на Музеј на Град Скопје и Хотел Арка, под финансиско покровителство на Град Скопје. На овогодишното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет (вообичаената селекција е 5 домашни автори и 5 од странство). Учесниците се секој оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.

Делата создадени од оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.