Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“

Сподели

 

По повод Денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, македонската атлетска Федерација (АФМ) ќе организира Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“.

„Во чест на 13-ти Ноември, денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1945 година, АФМ во соработка со град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт ќе ја реализира една од најстарите атлетски манифестации на пат – ноќната атлетска трка, со неколку трки за сите љубители на трчањето“, соопшти АФМ.

Предвидени се трки на 1.200 и на 1.400 метри во машка и женска конкуренција во возрасни категории под 16 и под 20 години, како и трка на шест километри во двете конкуренции.

Стартот и целта на трките ќе биде во недела, во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје.