Хороскоп

Месечен хороскоп за месец мај

Сподели:

Овен

 


Работа
 – На самиот почеток ќе имате погодности успешно да ги испланирате и организирате секојдневните активности. Од рака ќе ви оди сè што е поврзано со сообраќај, трговија, преговори и комуникација. Избегнувајте да почнувате големи и долгорочни работи. Мај ќе го започнете со поволен аспект кој ќе ви отвори можност за успешни инвестиции што би можеле да ги подобрат финансиите. Ова не е погодно време да одете на важни бизнис-патувања, ниту да почнете соработка со странски партнери.

Љубов 
– Овој месец ќе се соочите со љубомора, сомнителност и недоверба. Заладувањето на односите нема да трае долго бидејќи ќе успеете да најдете решение низ разумен разговор. Би ви одговарало викенд-патување за да дојдете до рамнотежа. Во втората половина на месецот вашиот партнер ќе биде полн со позитивна енергија. Бидејќи ќе бидете оптоварени и безволни, партнерот ќе пронаоѓа начини да ве расположи со своите предлози. Повеќе време ќе поминувате заедно и ќе уживате во интимните моменти. Ќе реализирате една заедничка цел.

Здравје – Повеќе време поминете во физички активности.

 

 

Бик

Работа – Ќе имате добри идеи и од една започната работа ќе го извлечете максимумот, што би ја зголемило заработката. Избегнувајте склопување на договори со странски партнери и одење на бизнис-патувања. Бидете внимателни со парите и инвестициите кон 5 мај. Ќе треба итно да ги намирите заостанатите долгови за да немате сериозни последици. Бидејќи нема да бидете во можност да го решите сето она што е неопходно, ќе мора да побарате компромисно решение, што ќе ве доведе до некои блокади, а и можно е раскинување на еден важен договор.

Љубов – На почетокот на месецот ви претстојат нови поттикнувања и повеќе заеднички активности со партнерот. Ќе се договорите околу многу работи и ќе поминете неколку денови во пријатна атмосфера на заедничко патување или излет во природа. Внимавајте на трошоците во текот на патувањата за да не влезете во минус. Ако сте слободни, врската што сте ја прекинале неодамна сè уште не е завршена бидејќи чувствувате дека постои нешто недоречено меѓу вас и поранешниот партнер. Ќе се чувствувате тажно бидејќи нема да можете да воспоставите контакт.

Здравје – Потрудете се повеќе да се движите и да не бидете мрзливи.

 

Близнаци

Работа – Избегнувајте да се задолжувате. Почетокот на мај не е поволен за подигнување кредит. Првите работни денови од овој месец ви донесуваат успех во соработката и тимската работа. Наредните денови ќе биде неопходно да внимавате на односите со бизнис-партнерите. Можно е да дојде до конфликт на интереси меѓу вас и еден бизнис-партнер што би довело до губење пари. Ќе наидете на тешкотии и во јавните настапи. Ќе ви се овозможи поволна шанса да склопите нов договор што ќе ви донесе подобра заработка од очекуваната и нови соработници.

Љубов – Првиот дел од месецот носи несогласувања со саканата личност. Ќе бидете под притисок поради обврските, а партнерот ќе бара премногу од вас и ќе се насочи кон себеси. Ќе имате чувство дека ве занемарува и искористува. Тоа може да доведе до сериозно заладување на односите. Ќе имате подобро чувство за потребите на вашиот партнер и ќе покажувате поголема иницијатива. Вашиот партнер ќе одговори на вашите предлози и тоа ќе ве зближи. Ако сте слободни, ќе ве привлече некој уште на прв поглед, но кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите дека сте различни.

Здравје – Здравјето ќе ви биде чувствително и променливо.

 

Рак

Работа – Со оглед на тоа што претстојат неработни денови, ви се советува да избегнувате каква било работа, освен слободни активности што можете да ги извршувате во приватноста. Сè друго ќе ви биде тешко, oсобено нешто што е поврзано со партнерство, јавност и големи проекти. Ќе имате плодни идеи како да постигнете поефикасна координација во тимската работа. Ќе биде неопходно повеќе внимание да обратите на вашите бизнис-партнерства бидејќи во една заедничка работа ќе дојде до несогласувања со другата страна што ќе предизвика застој во развојот на тој проект. Од вас ќе се бара добро чувство за наоѓање компромисно решение за да се постигне согласност.

Љубов – Ќе има напнати односи. Избегнувајте расправии. Ќе успеете да ги подобрите односите со партнерот и преку разговор и повеќе разбирање ќе постигнете договор за она што ви е важно во наредниот период. Ќе си дадете повеќе поддршка и внимание еден на друг. Ќе ви одговараат забавата, заедничките излегувања и дружењата со пријателите. Ако сте слободни, првата половина на мај ќе ви донесе неуспех и разочарување и обид да привлечете внимание на личноста што ви се допаѓа.

Здравје – Ќе бидете чувствителни на стрес.
Лав

Работа
 – На почетокот од мај ќе имате поволни можности за патување и добра забава со пријателите, додека какви било работи нема да ви одат од рака. Првиот работен ден во мај ќе ви донесе успех во областите поврзани со креативноста. Бидете внимателни на 5 мај затоа што ќе имате конфликт со еден соработник, а би можело да дојде и до финансиски тешкотии и блокади на сметките. Избегнувајте влегување во ризични работи. Вашите организациски способности ќе бидат зајакнати и ќе успеете да реализирате напредок во долгорочните работи.Љубов – Првиот дел од мај ви донесува нестабилност во односите со саканата личност. Ќе бидете премногу зафатени со вашите обврски и поради тоа ќе ви остане малку време за заеднички моменти и исполнување на ветувањата што претходно сте му ги дале на партнерот. Тоа ќе доведе до конфликт. До средината на мај ќе успеете подобро да се организирате и да најдете повеќе време за партнерот. Втората половина на мај ќе биде поопуштена и ќе бидете расположени за излегувања со саканата личност на културни и друштвени манифестации, како и на места за забава.Здравје – Чувствително здравје.

Девица

Работа – На работа се можни тешкотии во врска со големи и долгорочни проекти. Избегнувајте ризични потези и нови инвестиции. Ќе ви се отворат можности да се поврзете со странска фирма и да одите на бизнис-патување што би можело да ви донесе нова работа и корисна соработка. Ако планирате да се обидете да најдете работа во странство, периодот до 21 мај ќе биде особено погоден. Овој период е погоден и за стручна специјализација. Ќе имате поддршка за сè. Невработените девици ќе имаат најмногу успех како хонорарни работници особено преку интернет.

Љубов – Кон средината на мај ќе бидете подготвени во вашата врска да внесете повеќе забава, креативност, заеднички активности. Ќе уживате во посетите на галерии, гледање филмови, проучување заеднички теми, што ќе ве зближи. Ќе помине периодот на напнатост и несогласувања. Ако сте слободни, ќе запознаете личност што ќе ви се допадне на прв поглед бидејќи лесно ќе воспоставите комуникација и ќе дознаете дека ве интересираат слични работи. И двајцата ќе разговарате за теми за здравјето, здрава исхрана и слично.

Здравје – Здравјето ќе ви биде стабилно во текот на целиот месец.

Вага 

Работа – Ќе почнете да реализирате цели што одамна сте си ги зацртале. Сето тоа позитивно ќе влијае и врз вашата финансиска состојба. Во текот на март ќе имате зголемен обем на работа. Тоа од вас ќе бара да вложите поголем напор и да се соочите со разни отежнати околности што ќе ве исцрпуваат, па дополнително ќе бидете под стрес. Избегнувајте конфликти со надредените. Ќе бидете во можност да договорите нови бизниси што се поврзани со трговија, патувања, туризам, образование.

Љубов –
 Помеѓу вас и вашиот партнер и членовите на семејството ќе дојде до несогласувања. Ќе имате впечаток дека сите од вас очекуваат да ги исполните нивните потреби и желби и никој не обрнува внимание на вас и на вашите потреби. Кон средината на мај вашиот партнер ќе ве изненади со заедничко викенд-патување, па ќе можете да си се посветите еден на друг без никакви пречки. Потоа ќе имате повеќе време и волја да работите на реализирање на заедничките цели. Потрудете се да поминете повеќе време во заедничките интимни моменти.

Здравје – Променливо и чувствително.

Скорпија

Работа – Бидете внимателни во ракувањето со парите и распоредувањето на приходите и расходите бидејќи ќе бидете склони кон грешки. Избегнувајте да влегувате во ризични работи и инвестиции и не задолжувајте се и не влегувајте во големи трошоци. Ако се занимавате со забава, естрада, креативна дејност, уметнички професии, ќе наидете на голем број предизвици што може да ви донесат промашувања и губитоци. Вашата креативност овој месец ќе биде зајакната и ќе имате успех со колегите од работа. Ќе добиете понуда за проширување на вашите работни услуги. Внимавајте на соработката со колегите, можни се несогласувања.

Љубов – Ќе ѝ подарите нешто убаво на саканата личност што ќе има посебно значење. Мај ќе ви донесе нови договори, подобрена комуникација и стабилност во врската, но во текот на јуни и јули ќе се најдете на спротивни страни и нема да можете да се согласите околу заедничките цели. Компромисот мора да биде неопходен. Од август до крајот на годината ќе имате повеќе време за интима, забава и ќе бидете поблиски. На партнерот ќе му овозможите искрени чувства.

Здравје – Во одлична кондиција сте.

Стрелец

Работа – Ќе имате тешкотии во полето на финансиите каде што ќе дојде до застој или поголем одлив што треба да го надоместите со напорна работа. Во односите со единствениот бизнис-партнер ќе дојде до несогласувања и конфликт на интереси, што може да доведе до прекинување на партнерството и тоа ќе биде на ваша штета. Обидете се да го спречите тоа со компромис, а тоа ќе бара отстапки од вашата страна. Во можност ќе бидете да реализирате успех во давањето услуги од областа на убавината, како што се козметичките услуги и слично.

Љубов – Ќе имате сериозни несогласувања со саканата личност. И двајцата ќе имате променливо расположение, постојано ќе ги менувате вашите ставови и мислења и околу најобичните работи нема да успеете да се договорите. Ќе успеете да воспоставите комуникација дури кога ќе опуштите и ќе направите отстапки. Од средината на мај повеќе време ќе поминувате заедно. Ќе ви одговара да излегувате на места што и двајцата ги сакате. Ако сте слободни, една личност ќе ви пријде и ќе ги искаже своите симпатии кон вас.

Здравје – 
Вашата исхрана треба да содржи повеќе магнезиум, витамин Д и влакна за подобра работа на дигестивниот систем.



Јарец
Работа – Ќе наидете на тешкотии во финансиските прашања и ќе откриете дека некој ве краде или се обидува да ве манипулира и да ви наплати една работа или услуга многу повеќе отколку што вреди. Сепак, месецот ќе ви отвори можност за значителни реализирања ако се занимавате со работа со деца и млади или образование. Ако работите во областа на дизајнот, ќе имате плодни и нови идеи што и ќе ги реализирате. Невработените јарци ќе успеат да добијат работа во областа што опфаќа креативност, дизајн и забава.Љубов – Најмногу несогласувања овој месец ќе има околу распределувањето на домашните и семејните обврски. Како и обично, ќе имате премногу обврски околу работата, па вашиот партнер ќе се налути затоа што не сакате да се занимавате со семејните прашања. Тоа ќе донесе расправии. Обидете се да пронајдете компромисно решение. Ако сте слободни, ќе прифатите состанок со една личност што ви изгледа доволно пристојно и остава впечаток дека со неа нема да ви биде досадно, напорно или непријатно.

Здравје – Променливо. Внесувајте повеќе витамини.



Водолија
Работа – Ве очекуваат поволни можности на полето на комуникацијата и забавата. Преговорите што претходно сте ги започнале ќе продолжат во правец на склопување обостран корисен договор. Избегнувајте ризични работи и инвестиции бидејќи може да имате сериозни губитоци. Успехот ве очекува и во трговијата и недвижностите, како и ако се занимавате со приватен бизнис. Тајните преговори околу еден проект ќе наидат на тешкотии.Љубов – Ќе уживате во пријатните и заеднички моменти со саканата личност. Ќе имате иницијатива за заеднички излегувања и други активности што и на двајцата ќе ви го исполнат времето со задоволство. Ќе разговарате за планови и желби и ќе се потрудите да си излезете во пресрет и да си исполнете барем една желба. Ако сте слободни, почетокот на мај ќе запознаете личност што ќе ве воодушеви и во која ќе се заљубите.

Здравје – Чувствително.

Риби

Работа – Во соработката со партнерите ќе имате проблеми. Почетокот на месецот ќе ви донесе застој и несогласувања со клиентите и надредените. Ќе мора да пронајдете алтернативни решенија. Сепак, месецот ќе биде одличен период да започнете нови преговори, да се потрудите околу подобра организација на секојдневните обврски и да одржите важни работни состаноци. Невработените риби ќе ги претстават своите вештини во областа на дизајнот и програмирањето на потенцијалните работодавци.

Љубов – 
Повеќе време ќе поминувате на работа и ќе бидете зафатени со друштвениот живот, поради што малку време ќе поминувате со саканата личност. Втората половина на мај ќе ви донесе подобрување на односите со саканата личност. Најмногу од сè ќе ви одговара да патувате некаде заедно и да поминете време сами. Ако сте слободни, на почетокот од месецот ќе уживате во излегувања со една личност на која ѝ се допаѓате. Но, колку и да се труди оваа личност, вам нема да ви одговара.


Здравје 
– Стабилно.
Сподели: