Неделен хороскоп 31.10 – 06.11.2016

Сподели

oven

Овен

Ова е недела кога работите се средуваат и си доаѓаат на своето место. Треба да се погрижите за сите обврски и детали кои ги запоставувате во текот на изминатиот период и да зачекорите во новата фаза на развој. Практичните проблеми ќе бидат средени, а ограничувањата и пречките надминати. Во текот на оваа недела ќе се грижите за логистиката и организациијата, а кога Марс ќе влезе во Водолија, ќе го креирате новиот план за живеење. Но, прво треба да се погрижите за првото!

 

bik

Бик

Во вашата психа постои физичка болка и емоционална вознемиреност. Но, кога еднаш ќе погледнете на причините и ќе стигнете до коренот на работите, ќе дојдете до длабоки сознанија. Но, ќе биде потребно да имате волја тоа да го направите. А за тоа е потребна храброст. Времето е одлично за длабоки психолошки анализи и ослободување на потиснатиот психички материјал. Несоницата секогаш укажува на стимулирана психа. Ако е тоа така, тогаш поминувајте повеќе време во некакви кретивни активности.

 

bliznaci

Близнаци

Ќе бидете нагласено чувствителни и свесни за вашето место во групата, без оглед на тоа дали имате чувство на припаѓање; кој ви е наклонет, а кој не. Ова би можело да подигне различни видови на проблеми кои се поврзани со отфрлање, и/или чувство дека не можете да се интегрираме со толпата. Но, постои нешто што е многу подлабоко во прифаќањето на својата оригиналност и уникатност, не само во групата, туку и во рамките на целото општество. Сите ние поседуваме нешто посебно кое можеме да го споделиме со другите – и во тоа се состои разликата. Правејќи го тоа, можете да поставите нови стандарди.

 

rak

Рак

Понекогаш дури и љубовта може да биде обоена со болка, без оглед на тоа дали има причина или не. Но, ако успеете да се поврзете со вашата внатрешна болка, ќе добиете пристап до длабока креативна инспирација. Треба да бидете свесни дека некои работи не можат да бидат статични и фиксни; всушност ништо на овој свет не останува непроменето. Наместо да барате исцелување на емоциите преку задоволства, споделете го задоволството со другите.

 

lav

Лав

Секогаш кога ќе претераме во нешто, доаѓаат последиците. Затоа, сега е време да си овозможите да се вратите во рамнотежа и да ја повратите стабилноста – водени од разумот, а не од желбите. Без оглед на тоа колку е големо искушението. Со положбата на Сонцето и Меркур во Скорпија, убаво е да си дозволите повеќе време за преиспитување на вашите мотиви. Како што ќе доаѓате до подобри увиди во сопствените мотивациски склопови, така ќе чувствувате промена во перцепцијата и размислувањето.

 

devica

Девица

Со размислување и истражување на минатото можете да научите многу, а тоа ќе ви помогне да донесувате помудри одлуки во иднина. Ако сте повлечени и претпазливи, тоа може да се смета за многу добра основа. Ова е еден од оние периоди во кои можете да постигнете многу со себеанализа, медитација, или други практики за смирување на умот. Ова ќе ви помогне да ги соберете своите мисли и да се подготвите за промена на вашата перцепција, која полека ќе се менува во текот на оваа недела. После оваа недела, работите ќе станат многу повеќе јасни.

 

09072012120501-v-horoskopski-znak-vaga

Вага

Искористете ги овие денови да внесете поголема организација во вашето опкружување и секојдневниот живот. Поставете ги работите на своите места и завршете ги недовршените работи, без разлика дали станува збор за подредување на документите или средување на фиоките. Идејата е да се ослободи простор, па кога ќе се створат погодни околности да имате добро организирана платформа на која ќе работите. Тоа ќе ви биде од исклучителна помош, и нема да бидете расеани во следните недели. Поголемата јаснотија и уредност ќе ви помогнат да изградите животен стил, кој сакате да го водите.

 

skorpija

Скорпија

Постојат моменти во животот кога се прашувате, како можев да го мислам тоа? Лунацијата во вашиот знак го рашири вашиот поглед, па станавте свесни дека можете да постигнете многу повеќе отколку што мислевте. Сега е време да ги спуштите нозете на земјата и да ги спроведете во дело вашите планови и нови перспективи. Се чини дека треба нешто да биде кажано, за да можат да се задржат работите во рамките на разумот. А, како што астралната клима се смирува, така и вашите меѓучовечки односи се подобруваат, а вашиот поглед станува јасен. Сепак, паметно би било да ги одложите важните разговори и одлуки до четврток.

 

strelac

Стрелец

Во текот на оваа недела ќе бидете повеќе чувствителни на трагедиите на другите луѓе. Понекогаш е потребен само еден убав збор или дело, за да се постигне промена. Исто така и во вашиот живот, ќе размислувате за тоа какви се работите, и какви би можеле да бидат. Разбирањето на минатото може да ви донесе многу мудрост, а може да биде добра основа за изградба на вашата иднина. Во меѓувреме, овозможете си повеќе време за тивко размислување, подалеку од бучавата на светот.

 

09072012121432-v-horoskopski-znak-jarac

Јарец

Како резултат на минатонеделните планетарни констелации, се уште може да се забележи вашето настојување да ги соберете сите компоненти од вашиот живот на едно место. Што правите вие всушност? Ако погледнете убаво околу себе, ќе сфатите дека се е во ред. Колку повеќе работи ќе земете под контрола, толку подобро ќе се чувствувате. Организирајте се, надминете ги недоразбирањата со партнерот или блиските, внесете поголем ред на вашето работно место, а во исто време земете си доволно време за размислување. Со расчистување на деталите, ќе ослободите место за новите планови кои се појавуваат.

 

vodolija

Водолија

Со цел да постигнете подобра здравствена состојба, морате да ја земете во предвид целокупната личност: телото, умот, емоциите и духот. Ако запоставите еден дел, тоа ќе предизвика нерамнотежа во целиот континуум. Ако имате проблеми со грбот, тоа обично укажува на неразрешени емоционални проблеми и обратно. Конвенционалната медицина ги третира само надворешните симптоми, но сочувството, емпатијата и љубезноста кон себе и кон другите, може да излечи огромен број на болести. Исто така, оформувањето длабоки врски со другите е панацеа, односно универзален лек за сите болести.

 

ribe

Риби

Никој не ја разбира човечката природа подобро од вас. Понекогаш се чини како да го носите целото страдање на човештвото на вашите рамена. Но, вашата способност да чувствувате, да пронаоѓате смисла и да ја носите болката, ви овозможува да ги разбирате другите и да сочувствувате со нив. Ова е недела за размислување, ослободување и тишина. Нешто што е поврзано со минатото е многу важно. Но, како што го обновувате контактот со самите себе, ќе бидете во можност да ги поврзете работите и да се спуштите во сегашноста. А, токму тука е главната вредност. Откако ќе го направите тоа, дозволете си да ги отпуштите работите.