Месец на Европски филм во КИНОТЕКА

Сподели

 

Во ноември, месец на есента, природата блика од разновидноста на боите. Слични на оние на виножитото. Најмногу преовладува жолтата, речиси како злато сјае во есенскиот амбиент. Токму вака кинотека за ноември подготви филмска презентација, разновидна во многу аспекти. Еве зошто.
 
На самиот почеток на ноември ќе започне со официјалната програма на МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ што ќе се одржи од 1 ноември до 9 декември. Во овој месец Кинотеката заедно со уште многу други кина во 70 различни градови во Европа ќе ја слави фантастичната разновидност на европскиот филм. Проектот МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ, предводен од мрежата на кина – „Еуропа синемас“, им за цел низ различни европски градови и преку различни европски филмови да презентираи специјални програми, настани и ретроспективи.
 
 
Но, во овој месец кинотека испланираа сè до половината на месецот да бидат презентирани, во популарно наречената недела на филмот, јапонски филмови. Станува збор за понова продукција на оваа интересна и многу влијателна кинематографија.
 
 
Не се одминува нашиот, македонски филм. Тоа се нови проекти. Првин ќе биде промовиран ЛЕНА И ВЛАДИМИР. Режисерскиот потпис е на Игор Алексов, по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски. Филмската публика ќе има можност, по неколку успешни патешествија, да го проследи ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ, новиот филмски проект на тетовчанецот, со долгогодишна адреса на живеење во Австралија, Горан Столевски.
 
Како еден вид пауза од играните филмови, ќе биде прикажан документарецот со провокативен наслов КАНАБИСОТ ОСЛОБОДУВА. Ова е есеј за неколкумина активисти од разни земји, кои се залагаат за легализација на канабисот. Мала ексклузива – во него учествува и познатиот, контроверзен музичар и инфлуенсер, Рамбо Амадеус. Културата на канабисот има битна улога во веќе култното остварување на браќата Коен, ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ. Филмот ќе биде проектиран на оригинална 35 милиметарска филмска копија.
 
Се продолжува со играни филмови. Шпански филмови со различно време на создавање, од различни автори, со различни естетски колорити….