Вести Македонија Статуси Ударни вести

Мешковска: Затворањето на базенот Карпош е срамно и крајно неодговорно!

Сподели:

 

Наташа Мешковска на својот фб профил напиша дека базенот Борис Трајковски вчера се затвори.

“Денес се затвори под клуч единствениот пливачки објект кој функционираше за клубовите и граѓаните – базенот Карпош. Со тоа и официјално се уништи најздравиот спорт за секое дете, за секој човек, пливањето. Спорт во кој имаше врвни резултети и нацијата беше горда на тоа.  

Образложението е дека има дефект, но никој не верува во тоа. Трошок им е. Затоа нема да работи. Бидејќи спортскиот центар Борис Трајковски е под капа на Владата, ја повикувам новата Влада и новиот премиер да се заложат и да најдат начин базенот повторно да биде ставен во функција.

Ова е срамно и крајно неодговорно од страна на раководството и сите надлежни кои раководат со центарот.

Неспособни кадри, поставени партиски кои воопшто не ги интересира ни спорт, ни рекреација, само личен интерес. Уништивте и тоа малку што беше оставено во наследство од нашите родители и претци. Базените се градени од самопридонес на граѓаните на оваа земја. Платени сте да работите, а не да затварате”, напиша Наташа Мешковска.

 

Сподели: