Вести Македонија Ударни вести

Мета: Со Македонија во НАТО се зголемува регионалната безбедност и стабилност

Сподели:

Претседателот на Албанија, Илир Мета и министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка, го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

„Албанија и 28-те сојузници денес го потпишаа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Честитки до визионерските политички лидери и граѓани на Република Северна Македонија за овој заслужен успех кој го поттикнува понатамошниот напредок на земјата, ја зголемува регионалната безбедност и стабилност, како и ја зајакнува Трансатлантската алијанса на заеднички вредности“, – изјави Илир Мета.

Сподели: