“МЕТАМОРФОЗИ”- Изложба на фотографии од Сашо Н. Алушевски

Сподели

 

Кино Култура, Изложба на фотографии од голем формат, дело на Сашо Алушевски со наслов МЕТАМОРФОЗИ, 5.декември, 20 часот

Изложбата е инспирирана од современиот балетски перформанс на Ивана Коцевска-Метаморфоза и е авторско толкување на истиот. Во централниот дел од просторот на Кино Култура ќе бидат изложени деветнаесет фотографии на платно во-за наши услови нестандардно голем формат, настанати на специфична фотографска техника од деветнаесеттиот век.

Сашо Алушевски е првиот фотограф што изработува „колодиумски“ фотографии, и иако претходно, на минатите две изданија на МакеДокс сме имале можност да видиме две негови изложби каде тој ги изложувал оригиналните фотографии на стаклените плочи, овој пат, тие се дигитализирани, и брутално исркено и грубо се пренесени на соврмен а сепак класичен медиум. Авторот истакнува дека работел на изложбава безмалку две години, и нагласува дека целиот циклус е сработен во креативна соработка со Ивана Коцевска.
На изложбата ќе биде промовирана и книга со истиот наслов, во која се сместени истите фотографии, пропратени со куси текстови, исто така дело на Сашо Алушевски.
Наместо говор, како најава за изложбата во живо ќе може да се погледне дел од кореографијата на Ивана Коцевска.