Вести Изјави Македонија Ударни вести

Метју Палмер: Северна Македонија наскоро ќе влезе во НАТО

Сподели:

 

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО.

„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора, а пренесе РСЕ.

 

Сподели: