Мециновиќ до АВМУ: Македонија ќе изгуби во Стразбур заради дискриминација

Сподели:

Вчера во Собранието пратенокт на Левица, Амар Мециновиќ упати директно прашање до, како што од партијата го нарекуваат, вечниот директор на АВМУ, Зоран Трајчевски:

“Во главниот град на локалните избори се случи да имаме во првиот круг 14 кандидати, од кои само еден кандидат немаше право на политичко платено рекламирање и тој кандидат сум јас!

Сакам да ја прашам оваа Агенција (АВМУ) дали смета дека е нормално во главен град во европска земја, дали е нормално кандидат за градоначалник во втор круг да биде диспропорционално претставен – без никаква реклама наспроти владин кандидат?!

Вие знаете дека ќе изгуби Република Македонија во Стразбур заради ова, затоа што поеклатантна политичка ДИСКРИМИНАЦИЈА не може да има!” – изјави пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ по годишниот извештај на АВМУ поднесен од вечниот директор Зоран Трајчевски.

Сподели: