Вести Статуси

Михајлоски му порача на Груевски: Ќе се срамиш ти Никола, што ја прокоцка шансата за лични интереси!

По обидот на Никола Груевски, и иницијаторите за реформи во партијата во интервјуто за ТВ Нова да ги претстави како странски платеници, тие веднаш му одговорија дека единствено тој треба да се срами и дека е време да ја прифати личната и политичка одговорност.

-Срамно е Претседател на ВМРО ДПМНЕ да спадне на тоа ниво, да навредува и да шири невистини за млади луѓе што се дрзнале да побараат реформи во партијата.

Ќе се срамиш ти Никола, што имаше историска шанса да бидеш запаметен како преродбеник на Република Македонија, а ја прокоцка таа шанса поради лични интереси.

Време е да ја прифатиш личната политичка одговорност за промашените политики и проценки и да го ослободиш ВМРО ДПМНЕ од товарот на минатото.

На Република Македонија и треба силно, демократско и модерно ВМРО ДПМНЕ,напиша Александар Михајлоски на групата на Фејсбук “ВМРО-ДПМНЕ-посилно за нови победи“

 

Груевски во интервјуто кажа дека се прават обиди да заминам од врвот на партијата.

-Овие се нарекуваат реформатори, кои биле петти или шести ешалон. Многумина што контактираат со нив се фалат со која амбасада соработуваат, која амбасада им дава логистика, која амабасада им дава пари. Тие луѓе ќе се срамат еден ден од своите внуци, рече Груевски во интервјуто.

Петар Богојески на нападот од Груевски одговори дека „жално е човек да е толку некадарен, да не може со еден Заев да се носи“.

Сподели: