Вести Македонија

Џафери до ВМРО-ДПМНЕ: Секоја акција има соодветна реакција

Сподели:
Првиот парламентарец со предупредување до ВМРО-ДПМНЕ – Деловничкото право за формирање на десетте пратенички групи е неспорно, вели собранискиот спикер, но доколку тенденцијата на пратениците на Никола Груевски е да го доведат до колапс Собранието, ќе има сосодверна реакција. Џафери вели и потегот отворил дилеми дали ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми, пренесе 24Вести.
„Нивното постапување, впрочем и постапувањето на секој пратеник или пратеничка група ќе резултира со мое постапување, доколку оценам дека тоа е намерно.“ – изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.
Десетте ПГ на ВМРО-ДПМНЕ се реакција на опозицијата на конструктивниот однос на мнозинството и владата, како и на неисполнетите ветувања дека опозицијата ќе биде вклучена во клучните владини потези, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Најавите и говорите се само обланда, тоа што досега го видовме од владата, од Собранието, од Џафери и Заев се само убави зборови, кои немаат ништо суштински“ – изјави Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
За дел од поранешните претседатели, пак нема дилема потегот на ВМРО-ДПМНЕ е со една цел да се стави законодавниот дом на колена.
„Сакаат да го стопираат политичкиот процес во Македонија и да може да функционира кога тие го контролираат, друг да не може да донесе нов буџет, закон, да назначи нов јавен обвинител, односно дека ВМРО-ДПМНЕ да го контролира животот на граѓаните“ – вели Никола Поповски, поранешен претседател на Собранието.
Формирањето на десет пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ е првпат во македонскиот  парламентаризам од една партија да има повеќе пратенички групи, во 2006-та имаше 3 ама беа од различни партии кои беа дел од коалицијата предводена од СДСМ. Секој координатиор според деловникот ќе има 15 минути за зборување, можност за процедурални забелешки во секој момент, како и барање за пауза од еден час, која спикерот е обврзан да ја додели.
Сподели: